0 коментари 1 мин. читање

Заштитете ги своите дела со Blockai

Blockai e алатка која се обидува да им помогне на фотографите и уметниците, поедноставно да ги заштитат своите дела. Идејата е да им овозможи на корисниците да ги заштитат сликите и фотографиите без премногу бирократија. Корисниците сега преку поедноставна твитер интеграција, можат да реагираат кога некој бесправно ги користи нивните дела.

Технологијата зад Blockai е иста како зад bitcoin – blockchain. Јавна база на податоци која покажува дека првиот внесен во блокот е автор. Ако некој ја користи сликата без дозвола, сопственикот може едноставно да им испрати копија на сертификатот.

„Не веруваме дека уметниците седат на Blockai цел ден. Затоа сакавме да интегрираме поедноставни алатки, а започнуваме со Twitter. Едноставно твитнете ја сликата која сакате да ја регистрирате на хаштагот #blockai и сликата автоматски ќе биде внесена.“, вели директорот на Blockai, Нејтан Лендс за TechCrunch.

Сервисот е бесплатен за користење за уметниците, а ќе се финансира од медиумите и сите заинтересирани, кои ќе го купуваат сликите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top