Bike Computer е интересна апликација за сите велосипедисти која покрај стандардните опции за следење на вашата рута на возење со сите параметри, преглед на отчукувањата на срцето и слични функционалности, нуди и вградена безбедносна опција која ќе ви помогне во случај на незгода. Апликацијата, развиена од македонската Venikom Mobile, е достапна за Android и iPhone.

Иван Ивановски, ко-основач на Bike Computer и Venikom © BikeComputer.co
„Сите во Venikom уживаат во велосипедизмот. Половина од тимот се страствени возачи кои учествуваат на доста настани и возат GrandFundo, а другата половина постојано го користат велосипедот како алтернативен превоз низ градот. Долго време работиме на оваа апликација и сакаме да допринесеме повеќе за велосипедската заедница”, вели Иван Ивановски, ко-основачот на Bike Computer.
Од Venikom ни откриваат дека апликацијата е базирана на 2 годишно истражување, активен развој и тестирање, па дури и соработка со десеткратниот шампион на Македонија во велосипедизам и вицешампион на Балканот, Јоже Јованов.
„Во времето кога јас тренирав и се натпреварував, користевме Polar и Garmin уреди за следење на рутите и перформансите. Тие имаа доста комплицирани програми за анализа на активностите, а нивната функционалност не е ни приближно еднаква на денешните мобилни телефони. Со екипата од Venikom имаме чести средби и разговори како моето лично 10 годишно велосипедско искуство да го споделам и да помогнам да се направи најдобриот Bike Computer“, вели македонскиот шампион.

Иван Ивановски и Јоже Јованов работат на апликацијата веќе 2 години © BikeComputer.co
Што конкретно ви нуди Bike Computer?
Апликацијата Bike Computer, откако ќе ја инсталирате на вашиот Android или iOS телефон, најдобро е, со цел да ги искористите сите опции, да ја поставите на вашиот велосипед со посебен држач за телефон, држачите се достапни и на интернет и во локалните продавници за велосипедска опрема, а од Venikom најавуваат дека во блиска иднина и они ќе можат да понудат специјализирани држачи.
Опциите кои Bike Computer ви ги нуди се:
- GPS следење со прикажување на брзина, дистанца, време, надморска висина…
- интегрирана опција Keep Me Safe која ги следи сензорите на уредот и реагира во случај на незгода со тоа што ги контактира вашите најблиски со локацијата и времето
- напредно менаџирање на батерија, со измерени 12% подобра ефикасност при искористување на батеријата во споредба со другите вело-тракери на пазарот
- интеграција со моментално најпопуларната фитнес апликација Strava
… а од компанијата работат и на многу други опции со кои ќе ја збогатат апликацијата. Некои од опциите кои доаѓаат, и се веќе во бета, се live tracking опција, како и можност за тренерите во живо да го следат велосипедистот и сите негови сензори, како и праќање на повратни информации од тренерот назад до велосипедистот.

Bike Computer брзо и лесно се интегрира со Strava © BikeComputer.co
“Во апликацијата посебно внимание е посветено на потрошувачката на батерија која е доведена до минимум. Резултатите покажуваат дека Bike Computer е за 12% подобар од најдобрите мобилни вело-тракери на пазарот, како Strava, Runkeeper, Endomondo и други. ” ни потенцира Иван.
Потенцирањето околу батеријата не е за занемарување… Како апликацијата ја искористува батеријата на мобилниот е еден од посериозните проблеми со кои се соочуваат ваквите фитнес апликации и дури и во многу случаи е одлучувачки фактор кај корисниците при одбирање на вело-тракер апликација. Покрај оптимизирањето на потрошувачката на енергија, Venikom паралелно работи и на соодветна надворешна батерија која ке допринесе за зголемување на времето на користење на апликацијата на дури 15 часа во активен режим, а притоа максимално внимаваме на тежината на уредот.
Зголемена безбедност со Keep Me Safe опцијата
Базиранa на 2 годишно истражување и тестирање, Keep me safe е дизајнирана да им понуди поголема сигурност на велосипедистите на долги рути. Опцијата може да детектира пад на велосипедист и да ги информира неговите избрани контакти, испраќајки им ја моменталната локација на корисникот и SMS порака за инцидентот.
Апликацијата е достапна преку freemium моделот за iOS и Android. Ако се регистрирате во првите 60 дена опцијата Keep My Safe ќе биде бесплатна за првата година од користењето. По промотивниот период цената ке биде 49 долари на годишно ниво.
Следете ги сите новости поврзани со Bike Computer преку официјалната Facebook страна.на апликацијата. Секако, споделете го и вашиот фидбек откако ќе ја истестирате. Според она што ние го видовме до сега со тестирањето на Bike Computer, може да кажеме само: Браво дечки!
[…] Computer официјално беше претставен во 2016 и уште од почетоците апликацијата е наменета за […]
[…] спиноф компанија на Venikom Mobile. Компанијата е креатор на првиот македонски „компјутер“ за велосипеди. Компанијата разви апликација за паметни телефони […]
[…] на Android и преку 15.000 на iOS. Како што пишувавме во најавата на самата апликација, Bike Computer е наменет за сите […]
Ја преземам одма и ќе дадам оцена. Изгледа солидно. Само знакчето на сликата за wifi? Outdoor апликација, мобилна мрежа, gps знакче..и други останати мистерии.
[…] Прочитај ја целата статија… […]