0 коментари 1 мин. читање

Запознајте го најсимнуваниот маж на планетата

Данскиот модел Џаспер Брун е најсимнуваниот маж на планетата, тврди бразилскиот фотографер Фернандо Мартинс кој отиде во Данска да провери зошто Џаспер се појавува на реклами на сите можни брендови, и секако, што е тајната на неговиот успех.

Причината за ова видео е револтот кој го има фотографот Мартинс спрема „stock“-фотографиите, односно фотографии кои се закачуваат на складишта како Getty Images, се купуваат, симнуваат и со помош на Photoshop од нив се креираат реклами и постери. Според Мартинс, таквиот начин на работа, кој е се попопуларен посебно во веб дизајн, му краде од занаетот, иако на крајот од видеото ќе видите дека ова е сепак само интересна реклама за неговото студио Camera Clara.

Тоа што е интересно е што Џаспер е убав човек кој е феноменално фотогеничен. Дури и фотографии направени додека тој без пози опуштено се шприца со дезодоранс или се бричи изгледаат како да се од реклама.

[youtube]fAKBZZKFywU[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top