Продажбата на грамофонски плочи на Amazon бележи пораст од 745 отсто од 2008 година. Зголемување на продажбата на грамофонски плочи во период кога најголем дел од музиката се префрла на „облакот“ изгледа зачудувачки, но се е дел од извонредната стратегија на Amazon. Секој купувач кој ќе купи музика на плоча или CD, бесплатно ја добива и MP3 верзијата на истата.
Сепак дел од зголемувањето на продажбата отпаѓа на купувачите кои сега ја користат најголемата продавница за да ја надополнат својата колекција, но и на враќањето на популарноста на диџеите. Покрај ова сепак плочите кои имаат Auto Rip – опција се продаваат 62 отсто повеќе од другите.
Во најголем дел на корисниците им се допаѓа определбата на компанијата производите да ги направи достапни на што е можно повеќе платформи, на пример корисниците на Kindle ја добиваат и дигиталната верзија на книгите кои ги нарачуваат, најголем дел од CD и винил изданијата доаѓаат со бесплатна дигитална верзија. Покрај ова компанијата ги продава и Kindle таблетите, преку кои им испорачува понуди и реклами на корисниците, но покрај ова ги подржуваат дигиталните верзии на книги и на музиката.
„Кога ја зголемуваат продажбата, услугите како Auto Rip, додаваат кон својата вредност. Amazon ова го прави со следење и толкување на внатрешните податоци, но и нивно понатамошна понуда на корисниците.“, објаснува ReadWrite.