Започнете некој од стотици бесплатни курсеви на Coursera

0 коментари 1 мин. читање

Доколку сте расположени за (дополнително) онлајн учење, но овојпат од врвни и светско познати универзитети и компании, би можеле да кликнете на следниот линк и да изберете еден од стотици бесплатни курсеви.

Тие стотици курсеви на Coursera се целосно бесплатни до декември. Обично се делат на почетно или средно ниво, а се нудат од предавачи како од универзитетот Јеил или компанијата Google.

Курсевите се првенствено наменети на возрасните, припаѓаат на најразлични категории кои ви помагаат да се запознаете со машинското учење, психологијата, англиски за развивање кариера и многу повеќе! За да започенете со некој курс кликнете на копчето Enroll for Free.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед