Започнете ја новата година со следниве 10 игри!

2023 година беше година полна со пријатни изненадувања, како во поглед на ААА изданијата, така и во поглед на помалите инди наслови. Нема никакво сомневање дека ќе се продолжи со исто темпо и во 2024 година. Во чест на тоа, ова се игрите со кои би можеле да навлезете во новата година. Се потрудивме да извлечеме интересни и крајно забавни игри кои припаѓаат на најразлични жанрови! Среќни празници!

Jagged Alliance 3 – Адреналинска акција, по трет пат!

Најновото чедо на Haemimont Games ви дозволува да регрутирате најразлични платеници. Секој од платениците се одликува со уникатни способности, арсенал од огнено оружје и бројни можности за навлегување во комплексни тактички битки.

Како RPG стратегија со запазување редови, во Jagged Alliance 3 имате неброени часови забава, почнувајќи со уредување на оружјето и опремата, движејќи се кон отклучување и избирање специјални способности, па сѐ до контролирање територии и тренирање локално население. Благодарение на одличниот ко-оп, ништо од ова не морате да работите сами.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Haemimont Games
  • Издава: THQ Nordic
  • Жанр: стратегија, RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 14 јули 2023

Headbangers: Rhythm Royale – Battle Royale, но со ритам!

Од презаситениот пазар на Battle Royal игри, насловот на Glee-Cheese Studio се труди да направи нешто значително поразлично. Да понуди Battle Royale во стилот на Fall Guys, но со механики кои се тесно поврзани со ритам.

Играјќи како симпатичен голуб, вашата задача ќе биде да ги победите останатите 29 учесници во ултимативната битка со ритмички предизвици. На располагање имате 4 рунди. Во секоја рунда, може да ви се падне една од 23 мини игри. Слично на Fall Guys, потребни се брзи рефлекси, добра меморија и запазување на ритамот, за да не испаднете од некоја рунда. Нормално, важно е и да изгледате убаво додека ги играте мини игрите и на располагање имате богати можности за уредување на изгледот.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Glee-Cheese Studio
  • ИздаваTeam17
  • Жанр: Ритмичка игра
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 31 октомври 2023

Dungeons of Sundaria – RPG игра од старите, добри времиња

Наспроти она што би можеле да го помислите на првиот поглед на Dingeons of Sundaria, Industry Games имаат осмислено квалитетна и забавна игра. Во духот на (MMO) RPG игрите од едно подалечно доба, Dungeons of Sundaria ве сметува во богат свет полн со предизвици!

Играјќи со една од 7 раси, односно 5 класи, ќе можете да навлезете во осум огромни зандани каде имате квестови за решавање, непријатели за убивање и босови за надмудрување. Најдоброто во сево ова е што не морате сами да навлезете во преголемите зандани туку имате на располагање и ко-оп режим. Сите класи нудат нешто поразлично, особено при пресметките со непријателите. Поради ова, вредноста на преигрување знае да биде исклучително висока.

Повеќе детали за играта, #DungeonsOfSundaria

  • Произведува: Industry Games
  • ИздаваIndustry Games
  • Жанр: акција, FPS
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 12 декември 2023

Trine 5: A Clockwork Conspiracy – Преубав, релаксирачки платформер

Од сите игри на листава, Trine ни се најблиски до срцето. Со години се дружиме со игрите на Frozenbyte и се давиме во преубавите светови, релаксирачката музичка подлога и забавните механики. Trine 5: A Clockwork Conspiracy е уште еден достоен продолжеток на овој серијал!

Сами или со пријатели (локалниот ко-оп е, секако, поддржан), ќе заиграте уште еднаш со Амадеус, Зоја или Понтиус и ќе навлезете во целосно нова авантура полна со пресметки, предизвици и загатки. На располагање имате и нов систем за квестови кој е различен за ликот со кој управувате, како и значително подобрен систем за битки. Независно од тоа дали ќе започнете со единицата или инстантно ќе преминете на петката, Trine серијалот е одлична дестинација за семејно дружење, особено за време на празниците.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Frozenbyte
  • ИздаваTHQ Nordic
  • Жанр: авантура, платформер
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 31 август 2023

Fearmonium – Значително помрачен платформер со примеси на metroidvania

Верувале или не, Fearmonium е платформер осмислен од само едно лице. Слава Грис, дипломиран психолог, има работено на играта многу години, а финалниот резултат никако не е за потценување, особено доколку сакате интересен микс од психоделични тензии и мрачен хумор.

Fearmonium има запрепастувачки долга приказна и, доколку сакате да го извлечете максимумот од приказната, ќе ви бидат потребни добри дваесеттина часа. Светот на Макс е огромен и одлично анимиран. Доколку несебично го посветите вашето време, ќе бидете вовлечени во апстрактен свет и полу-запомнети сеќавања кои се трудат да одговорат на ултимативното прашање: дали фобиите може да наштетат или пак да помогнат за да се подобри животот? Покрај филозофски размислувања, ќе водите и бројни битки против реални и предизвикувачки непријатели, користејќи комбо напади и ефикасни способности.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Redblack Spade
  • ИздаваRedblack Spade
  • Жанр: платформер
  • Платформа: Microsoft Windows, неодамна излезена за конзоли
  • Излезена на: 20 мај 2021

БОНУС ПРЕДЛОЗИ (помали, но еднакво интересни игри за впечатлива забава):

Park Up – Car – Едноставна игра со возење автомобил во откачени светови

Park Up – Car ви ја препорачуваме доколку сакате да возите автомовил на крајно-откачени места. Во вода, вселена, други димензии, оваа игра не дискриминира и ви дозволува да се искачите до врвот со стил!

Нивоата се дизајнирани на тој начин за да пробаат да ги тестираат вашите рефлекси и да се провери каков шофер сте вие под притисок. Најмалата грешка може да ве дели од ултимативната победа на врвот, така да, внимавајте! :)

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Dimension 42
  • ИздаваDimension 42
  • Жанр: возење
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 14 ноември 2023

Bootlegger’s Mafia Racing Story – Мафијашка игра со тркање

На прв поглед, би можеле да помислите дека играта на Geekon е евтина верзија на серијалот Mafia. До некаде и би биле во право. Но, тоа никако не значи дека играта не е забавна.

Откако ќе навлезете во триесетите години на минатиот век, ќе започнете надградби и прилагодување на бројни автомобили од тогашното време, како и адреналински трки низ голем и автентично дизајниран свет. Bootlegger’s Mafia Racing Story, мала, но интересна тркачка игра од малку поразличен агол, особено привлечна за љубителите на првите модели на автомобили.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Geekon
  • ИздаваMidnight Games S.R.L
  • Жанр: автомобили, трка
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 2 јануари 2024

Feudal Friends – Градете пријателски односи во средновековни замоци

Feudal Friends е игра која ви дозволува да тренирате војници, да ја подобрувате вашата опрема и да издвојувате хаотични победи во средновековни замоци.

Вие и вашите тројца пријатели имаате бројни можности за осмислување стратегии за штитење на вашиот замок и тотално уништување на непријателскиот. Па така, ќе можете да користите различни средновековни оружја, да имплементирате надградби за, пример, забрзување на производството, користење оружја за опсада, и ред други работи!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Keep Games
  • ИздаваKeep Games
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 17 јули 2023

Final Stardust: Cosmic Nexus – Аниме, но со карти

Невообичаена игра во која ќе ги разбудите моќите поврзани со вашиот елемент и ќе изградите импресивен шпил од карти.

Final Stardust: Cosmic Nexus се одликува со впечатлива приказна од манга, но и интересни механики поврзани со карти. Имате богати можности за уредување на вашиот лик, како и арсенал од способности преку комплексен систем со карти. На располагање имате четири елементи, 21 еден лик за интеракција, над 200 карти со кои можете да го создавате вашиот шпил, над 100 уникатни карти со чудовишта и, најважно од се, одлична музичка подлога!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Kinzora
  • Издава: Kinzora
  • Жанр: новела, карти
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 16 декември 2023

Snow Folks – Снежна, но крајно едноставна верзија на Minecraft

Snow Folks добрва треба да излезе, но, од она што успејавме да го забележиме, се работи за крајно едноставна игра со градење, до тој степен едноставна, да се чини нефер и да се споредува со Minecraft.

Snow Folks се одликува со пријатна графика и релаксирачка атмосфера каде користите снег или вода за да ја менувате снежната околина околу вас и да градите импозантни структури. Системот се чини едноставен и доволно забавен за самостојно или заедничко градење снежни замоци!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: YarnCat Games
  • ИздаваYarnCat Games
  • Жанр: авантура, градење
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 6 јануари 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] студио Geekon. Претходно, пишувавме за нивната игра Bootlegger’s Mafia Racing Story, а потоа и за Buried Alive: Breathless Rescue. И во двете ситуации, […]

trackback

[…] објавивме листа од 10 игри со кои би можеле да ја почнете новата година. Се потрудивме да покриеме што е можно повеќе жанрови […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk