Започна претпродажба на AMD Vega Frontier Edition

AMD започна со претпродажба на AMD Vega Frontier Edition графичките картички. Цената на картичките во претпродажба е 1000 долари, а официјалната продажба започнува на 1 јули. Ова е цената на картичката со воздушно ладење, помоќната верзија која доаѓа со ладење со течност ќе чини 1.500 долари.

Она што е можеби поинтересно е за кој е наменета картичката. Претходните две генерации беа многу поевтини, и беа наменети за обичните корисници. Се чини дека оваа картичка не е за нив. Anandtech смета дека картичката е за креаторите на содржини. Дополнително едни од најверните купувачи на графички картички се „рударите“ на крипто валути. Вообичаено за овој пазар постојат специјализирани картички кои имаат подобри перформанси при решавањето на проблемите. За домашните корисници, е наменета Vega RX која ќе биде достапна подоцна.

Работната фреквенција на новиот процесор е 1.382 MHz и максимална до 1.600 MHz. Перформансите се 13.1 TFLOPs за „single precision“ и 26.2 TFLOPs за „half precision“. Дополнително картичката преку 2.048-битен интерфејс има пристап до 16 GB VRAM и до 256 TB виртуелна меморија. Верзијата со воздушно ладење е 300 W, а со течно ладење 375 W.

Единственото прашање кое преостанува е „But can it run Crysis?“ :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments