0 коментари 1 мин. читање

Западна Вирџинија ќе гласа преку телефон

Жителите на Западна Вирџинија на следните избори ќе може да гласаат со својот телефон. Главен мотив при носење на одлуката е да им се олесни гласањето на американските војници, јави CNN.

Компанијата Voatz која ја разви апликацијата инсистира дека станува збор за безбедна технологија. Користен е блокчејн и не може да се влијае во текот на гласањето.

„Гласањето е анонимно и резултатите се чуваат во дистрибуиран систем, блокчејн. Досега технологијата е лимитирана на тестови и приватни избори, пример гласање за Rock & Roll Hall of Fame“

Првото гласање ќе биде главно фокусирано на припадниците на војската кои не се во САД. Процесот на креирање на дигитален профил за гласање е релативно едноставен. Најпрво корисникот ја фотографира својата лична карта, а потоа со камера прави „селфи“ видео. Потоа фајловите се качуваат преку апликацијата и корисникот чека дозвола за гласање.

Државниот секретар на Западна Вирџинија и Voatz се убедени дека гласањето ќе биде анонимно и регуларно. Секако и за очекување не дека не сите се убедени во ова. Главна причина за сомничавоста на дел од експертите е лошата безбедност на паметните телефони и на интернет мрежата.

„Интернет гласање со ужасно небезбедни уреди на луѓето, преку небезбедни мрежи, на сервери кои е многу тешко да се обезбедат без физичка доказ од гласачкото ливче“, вели Џозеф Хол од Центарот за демократија и технологија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top