Закрпата која Intel ја издаде за да го затвори пропустот за Spectre е полоша од самиот баг кој треба да го затвори. Поради ова Microsoft во целост ја исклучи закрпата која ја обезбеди Intel на Windows 10, пренесе Engadged.
Претходнo и Intel ги советувашe производителите на компјутери да престанат со надградбите. Microsoft пак ја деактивираше надградбата за Windows 7, Windows 8.1 и Windows 10. Исклучувањето на закрпате е привремена мерка додека Intel не издаде стабилна верзија.
Причината поради која е „отстранета“ надградбата е што истата е прична за рестартирање на компјутерите на кои е инсталирана. Корисниците засега треба да ја преземат и инсталираат надградбата рачно од Windows Update каталогот.
Дополнително, компанијата издаде и нов „registry“ клуч“ кој ќе им овозможи на безбедносните експерти на компаниите да ja вклучат или исклучат втората варијанта на Spectre заштита.
Meltdown и Spectre безбедносните пропусти се вистински кошмар за Intel. Неодамна излезе податок дека компанијата најпрво гi известила Lenovo и Alibaba, па потоа владата на САД. Ако има некоја добра вест за Intel, тоа е дека засега пропустот нема речиси никакво влијание на заработката на компанијата.







