Заинтригираноста е клучна за онлајн купување на нови производи кај Македонците

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Заинтригираноста од новите производи игра клучна улога во одлуката на Македонците за онлајн купување на нови производи. Ова се резултатите од истражувањето на друштвените мрежи на Wave 9.

Истражувачите на Wave 9 открија дека во земјите од Југоисточна Европа (Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска и Србија) сите шопинг моменти не се исти. Но, и чувствата и потребите на потрошувачите за време на купувањето на производите се разликуваат во зависност од контекстот.

„Заинтригираноста е најсилното чувство во Македонија (27% од потрошувачите), споредено со 35% во Бугарија, 29% во Босна и Херцеговина, и 20% во Хрватска. Во истиот шопинг момент 18% од потрошувачите во Македонија имаат најголема потреба да научат нешто ново, во Србија 17%, во Бугарија 22% и во Босна и Херцеговина 21%.“, вели анализата на Wave 9.

Интересно, иако заинтригираноста и желбата да научат нешто ново се двигатели на онлајн продажбата, на нови производи, релаксираноста сè уште е клучна во неделното пазарење. Дури 30% од купувачите од Македонија се изјасниле дека купуваат кога се релаксирани. Оваа бројка е повисока од сите останати во регионот. Пример, релаксираноста како чувство кое е важно за купувањето во: Србија е 27%; во  Хрватска е 20% и во Бугарија 15%. Најважно при ова купување во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина е следењето на трендовите, додека во Македонија и Бугарија е желбата за разонода.

Главен двигател на онлајн продажбата во последниот период се друштвените мрежи. Ова важи за регионот, но и глобално. Интересно, инстант пораките придонесоа за чувство на итност и потреба за сè веднаш. Токму ова придонесе за раст на сервиси како Netflix и Spotify, но и за продавници онлајн продажба како Amazon и AliExpress.

„Друштвените мрежи и мобилните уреди се сеприсутни, што им овозможува на огласувачите безброј можности за интеракција со корисниците. Само значајните моменти ги поврзуваат брендовите со нивната публика на емоционално релевантен начин“, вели Глен Паркер, директор на агенцијата UM за истражување за Европа и Блискиот Исток и автор на истражувањето.

Глобално кога брендовите се во прашање, интересот за споделување на содржина за која сметаат дека е вредна за споделување е пораснат за 15%. Помалку чудно, интересот за пристап до вести за производи е намален за 13%.

Анализата на мрежата Universal Media UM е направена на 52,000 испитаници од 78 држави од целиот свет. Оваа година во истражувањето учествуваа над 60 милијарди кликови. Според однесувањето на корисниците Wave 9 го подели нивното однесување во 20 различни емоционални состојби. Ова овозможува да се согледа како секоја емотивна состојба делува на онлајн навиките на корисниците, но и покажува релевантност на емотивната состојба при презентирањето на реклами.

Повеќе податоци од анализата Universal Media најавува за скоро време, на својата веб-страница.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments