За само 3 месеци Netflix загуби 430 000 претплатници во САД и Канада

во Вести

Во второто тримесечје на 2021 само во САД и Канада, Netflix загуби 430 000 претплатници. Ова е значителна разлика со минатата година кога поради пандемијата и изолацијата Netflix, но и другите платформи за стрим имаа рекорден прилив на корисници. Северна Америка е пазар на кој Netflix има најмногу корисници.

Покрај големиот број на корисници кои ја прекинале својата претплата Netflix забележува и намалување на бројот на нови корисници кои се приклучуваат на платформата. Дополнително, платформата го намали предвидувањето на нови корисници за следното тримесечје од 5,9 милиони на 3,5 милиони нови корисници.

Конкуренцијата оваа година е поголема отколку претходно со Disney+, HBO Go, Hulu, и новиот Discovery сервис, кои се натпреваруваат со Netflix за гледачи. Сепак директорот на компанијата смета дека во споредба со претходниот период влијанието на конкурентите не се променило значително во последните месеци.

Минатата година за Netflix беше рекордна кога новите корисници се во прашање. Пандемијата и седењето дома влијаеа значително на порастот на бројот на корисници кој гледаа содржина на Netflix.

За да продолжи со исто темпо на раст Netflix се обидува да го прошири портфолиото на услуги кои им ги нуди на корисниците. Пред десетина дена компанијата објави дека во одделот за видеоигри го регрутираа Мајк Верду, поранешен директор на Electronic Arts и Facebook. Видеоигрите во библиотеката ќе бидат додадени од следната година, а веќе знаеме дека најпрво ќе бидат додадени игри за паметни телефони. Новата содржина на Netflix ќе дојде без зголемување на постоечката претплата.

Покрај лошите вест за раст, Netflix сепак забележа 19 отсто поголема заработка во споредба со истиот период минатата година. Дополнително компанијата во овој период додаде нови 1,4 милиони корисници.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk