За прв пат се продадени една милијарда паметни телефони во една година

0 коментари 1 мин. читање

За прв пат во една календарска години се продадени над милијарда паметни телефони, вели извештајот на IDC. Во 2013 година се продадени 1.004 милиони паметни телефони што е пораст од 38,4 отсто во однос на 2012. Причина за зголемувањето на продадени телефоно е поради поевтините модели кои се купуваат во пазарите во развој како Кина и Индија.

Лидер во бројот на продадени паметни телефони повторно е Samsung (31,3 отсто), а зад него се Apple (15,3%), Huawei (4,9%), Lenovo (4,8%) и LG (4,5%). Со исклучок на првите две компании останатите своите уреди ги продаваат со минимална заработка, иако ова може да се каже и за најголем дел на телефоните чии производител е Samsung. Сепак Samsung има намалување на бројот на купувачи во споредба со претходниот квартал иако сеуште има огромна предност пред конкурентите. За Apple добра вест е официјалното пристигање на iPhone во Кина, но компанијата им најмал годишен пораст во споредба со останатите производители.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед