За прв пат по 2016 iPhone е најпродаван во едно тримесечје

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

iPhone е најпродаван телефон во последните три месеци од 2020. Ова се нема случено од 2016, кога телефоните на Apple последен пат подобро се продаваа од телефоните на Samsung.

Apple успеа да ја зголеми својата продажба во однос на претходната година иако интересот за паметни телефони е намален 5 проценти во однос на истиот период лани. Продажбата на 5G уреди и телефони од ниска и средна класа придонесоа овој пад во продажбата да не биде поголем. Apple во овој период успеа да продаде речиси 80 милиони нови iPhone телефони. Тоа се 10 милиони телефони повеќе од последните три месеци претходната година. Во исто време Samsung имаше лош период и нивната продажба падна за речиси 12 отсто, па по повеќе од 5 години Apple продаде најмногу уреди.

Главна причина за интересот за новите телефони на Apple е 5G технологијата и новата и подобра камера. Овие надградби придонесоа телефоните и покрај намаленото трошење на купувачите да бидат купувани.

Интересно е што во 2020 продажбата на паметни телефони е намалена за 12,5 отсто. Од најголемите 5 компании (Samsung, Apple, Huawei, Xiaomi и Oppo), единствено Xiaomi и Apple имаат пораст во продажбата.

Прогнозата е подобра за 2021 главно поради зголемената покриеност со 5G-мрежата, но и различни новитети кои ги подобруваат телефоните.

Во 2021 достапноста на поевтини 5G паметни телефони и иновативни функционалности ќе бидат одлучувачки за тоа дали корисниците ќе ги променат своите телефони. Зголемената побарувачка на евтини 5G телефони надвор од Кина ќе ја зголеми продажбата на телефони во 2021, пренесе Gartner.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments