{mosimage}Кога симнувам нешто од интернет, филм или музика, не ми е гајле дали е легално или не, ми се допаѓа и едноставно е да го имам – вели „пиратот“ Зоран. Од друга страна, властите сеуште не можат да го решат проблемот, кој постои и во нивната администриција. Дури 15 општини во земјава користат пиратски софтвер, покажало истражувањето на „Метаморфозис“.
Во последните акции на властите се уништени десетина илјади пиратски цедиња. Борбата станува се поголема, но самото решавање на пиратеријата бара и измена на Законот за авторски права. Новата технологија диктира поразлични и покреативни решенија на овој проблем. Овозможување на слободен софтвер и давање лиценци за дигиталните верзии се начините да се зачуваат авторските права. Дали ке се купи оригиналот или ќе се симне пиратот е индивидуален избор
Првите верзии се снимени во кино сали, па се средуват компјутерски. За недела или две доаѓаат ДВД верзиите. Копиите на хитовите се поскапи, „Александар Македонски“ беше 1000 денари, а обичните филмови се по 100 денари. Добивавме по десет филма неделно. После само ги преснимувавме и изнајмувавме – објаснува еден поранешен вработен во ДВД-клуб.
За некои оваа моќ на слободен избор е вистинска демократија.
– Сум симнал и разменил филмови и музика со многу луѓе. И тоа луѓе од цел свет. Некои тоа го нарекуваат нелегално дистрибуирање. Ние тоа го нарекуваме разменување и ширење на култура – вели Зоран, кој е еден од многуте корисници на интернет.
Според Законот за авторски права на Македонија прекршување на законот има ако лицето неовластено произведува, увезува, дистрибуира, репродуцира и продава или изнајмува авторски дела за комерцијални придобивки. Доколку се прекрши законот, следува казна од 60.000 до 300.000 денари, а материјалот ќе се заплени и уништи.
{mosimage}- И да ги скршат и унишат, тие материјали пак ќе се снимат на цеде. Едно празно цеде е 10 денари. А оригиналот е до 500 или 600 денари, па и повеќе – вели Зоран.
Валентин Пепељугоски, преставник на БСА (Бизнис софтвер алијанса), чии клиенти се светските компании како Микрософт и Адобе, вели дека 71 отсто од комерцијалниот софтвер во Македонија е пиратски.
– Ние имаме поднесено околу педесетина барања до надлежните да преземат мерки против нелегалиот софтвер – вели тој.
Од „Метаморфозис“, фондација за одржливи информатички решенија, посочуваат дека, според нивното истражување во 2006, 15 општини во Македонија користат нелегален софтвер за работа. Но и дека тоа се должи на малиот буџет.
– Постои своевидна амнестија за овој проблем кога се работи со земјите во развој. Не е исто кога некој не може да си дозволи даден софтвер и некој кој може да го купи а го користи пиратски – вели Филип Стојановски од „Метаморфозис“. Тој додаде и дека поради новата технологија некои делови од законот за авторски права треба да се сменат.
– Свесни сме дека има потреба за подобрување на законските рамки и не одговораат на новите состојби во дигиталната сфера. Во ЕУ веќе подолго време се работи на ова. Се работи на овозможување слободно споделување на знаења преку аспекти на слободна култура преку слободен софтвер и лиценци како Криејтив комонс – вели Филип.{styleboxop float=left}
Само во последниве осум месеци МВР, заедно со Управата за јавни приходи и Координативното тело за интелектуална сопственост, се затворени 22 ДВД-клубови и интернет-кафеа, од кои 14 поради користење на пиратски материјал. Во Јануари на отпадот „Дрисла“, на два пати, беа уништени 45 000 пиратски ЦД-а и филмови во тежина од 65 килограми.{/styleboxop}
За обичниот корисник, кој на интернет е во секојдневен контакт со пиратите, пиратерија е само кога се прави профит од нелегалниот материјал. Но, според Зоран, ако тоа се прави само поради информирање тогаш се е во ред.
– Си платив билет да го гледам „Сенки“ во кино, но кога ке можам ќе го симнам од интернет и ќе го дадам на тие што не го гледале. Нема да направам пари од тоа. – вели тој.
За ширењето на македонската култура се залагаат на сајтот Тракер-мк. Од таму велат дека ги почитуваат законите и дека не го одобруваат правењето пари од неовластени авторски дела, но дека сепак веруваат во слободата на разменување на податоци.
– Порано македонски работи и дела беа реткост да се најдат на интернет. Сега целта ни е да ја зачуваме и прошириме нашата култура – велат од Тракер-мк.
Низ светот дури 35 отсто од компјутерските програми се нелегални. Тоа е загуб
а за компаниите од преку 40 милијарди долари. Загубите на филмската и музичката индустрија се уште поголеми.
За други, новата технологија го одредува начинот на информирање.
– Јас сум Робин Худ, симнувам пиратски верзии и ги давам на други кои немаат пари да ги купат оригиналите – вели Зоран, кој како многумина во Македонија користи и работи на пиратски програми.






