YouTube не може да финансиски одржливо да ги исполни барањата од членот 13 на европскиот Закон за заштита на авторски права. Исполнувањето на овие ослови не е можно, вели директорката на YouTube Сузан Војчицки во блог пост.
Членот 13 предвидува дека секоја платформа на која се поставуваат содржини е одговорна за поставената содржина. Ова би значело дека YouTube ви реално време треба да ја провери секоја содржина за авторски права и ако е потребно веднаш да ја отстрани. Дури да успеат да проверат 400 часа за една минута ( за 1 минута на YouTube се качува видео содржина долга 400 чaса) проверката не е едноставна. Често авторските права ги имаат неколку субјекти, а не сите се познати. Платформата поседува некои од нив, но не сите.
„На пример Despacito. Ова видео има повеќе авторски права, од тонско снимање до права за издавање. Иако YouTube има договори со повеќе ентитети за лиценцирање и исплата за видеото некои од сопствениците на права се непознати. Ова значи дека поради непознатото ќе мора да блокираме видеа за да спречиме тужби по член 13“, вели Сузан Војчицки.
Ова за корисниците од Европа значи дека може да останат без дел од видеата кои ги следат. Само последниот месец граѓаните од Европа прегледале над 90 милијарди видеа. Само од Европа има над 35 милиони канали.
Google додава дека не се против она што е цел на Членот 13, но начинот на кој се обидуваат да го спроведат е нереален. Самата цел е да им се исплатат средствата на креаторите на содржини. Со Content ID платформата YouTube на креаторите на содржина досега им исплатил 2,5 милијарди долари.