YouTube ќе креира нов „надгледуван“ профил

YouTube наскоро ќе им овозможи на родителите да го ограничат пристапот до содржина на своите деца. Компанијата во следните месеци ќе креира нов тип на профил. Профилот ќе биде „надгледуван“ (Supervised) и ќе им овозможи на родителите да го ограничат пристапот до одредени несоодветни содржини на своите деца.

„Последнава година соработувавме со родители и експерти од целиот свет во област на детска безбедност, детскиот развој, дигиталната писменост, за да развиеме решение за родителите на тинејџерите. Во следните месеци ќе објавиме ново искуство во бета, кое ќе им овозможи на родителите да креираат профил и да го ограничат пристапот до YouTube преку надгледуван пристап“, вели Џејмс Бесер од Youtube.

Бетата на „supervised“-пристапот ќе започне во над 80 држави во следните неколку месеци. Родителите ќе можат за профилите да одберат некое од трите нагодувања: Explore, Explore more и Most of YouTube. Содржината ќе биде поделена во однос на возраста. Така „Explore“ групата  е наменета за деца над 9 години. Содржината која се споделува во оваа категорија се влогови, туторијали, гејминг видеа, музика и слично. Следната група „Explore more“ е наменета за деца над 13 година; Има повеќе видеа од претходната и стримови во живо во истите категории. Последната група е наменета за највозрасните. Содржината ги вклучува сите видеа освен оние кои се заклучени зад возраст на гледачот.

За одделување на содржината која се споделува во групите ќе се користат совети од корисниците, вештачка интелигенција, но и проверка од луѓе.

YouTube Kids продолжува како и досега

Надгледуваниот профил нема да биде замена за YouTube Kids и YouTube и натаму ја препорачува оваа платформа за најмалите деца. Оваа апликација си продолжува како и досега. Новитетот ќе овозможи транзиција за содржина за возраста кога децата се превозрасни за YouTube Kids, но недоволно возрасни за следење на целата содржина на YouTube.

YouTube е одлична мултимедијална платформа, но често содржина на каналите не е соодветна за деца. На YouTube има и видеа со исклучително насилни содржини, извадоци од хорор филмови или емисии кои никако не се препорачуваат за децата. Компанијата се обидува да направи класификација, но ова често не е едноставно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments