YouTube ќе го помине Facebook во САД

во Веб

Најголемата друштвена мрежа е на пат да стане третата најпосетувана веб-страница во САД. Ова секако ќе беше добра вест ако сега не беа на второ место.

Приматот на Facebook во следните месеци ќе го преземе YouTube. Со ова Google ќе ги има двете најпосетувани страници: пребарувачот и YouTube.

Главна причина за оваа промена е намалувањето на месечниот број на посетители на Facebook во САД. Бројката е речиси преполовена во последните две години, од 8,5 милијарди посети месечно, на 4,7 милијарди, јави CNBC.

Неодамна беше објавена и веста дека Facebook апликацијата има поголемо присуство онлајн и започнува да се натпреварува и со прелистувачите, но засега ова не е доволно. Од друга страна пак, посетите на YouTube се зголемени.

Facebook не е премногу загрижен бидејќи компанијата ги има и WhatsАpp и Instagram.

Подолу на листата, Amazon наскоро ќе го помине Omen (Yahoo!). Во некои од месеците, продавницата и сега достигнува повиско место на листата. Ова најмногу важи за периодите во кои има големи продажби.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk