Упс, Google ги следи Android уредите и кога ќе му забраните, ни iPhone не е подобар

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Голем дел од Android уредите, ги чуваат GPS податоците и кога ќе им забраните. Пред да се израдувате што сте купие iPhone, и телефоните на Apple го прават истото. Ова го покажа истрага на Associated Press.

Она што е загрижувачки е дека локациите на корисникот се чуваат дури и кога тој ќе одбере да го исклучи локациското следење. На пример Google Maps ја зачувува секоја локација кога ја отворате мапата. Или апликациите кои ги прикажуваат временските услови  отприлика знаат каде се наоѓаме.

Корисниците на телефоните на Apple кои ги користат овие апликации на Google, го имаат истиот проблем.

Проблемот го имаат над 2 милијарди корисници на Android уреди и стотици милиони iPhone корисници кои ги користат сервисите на Google.

„Има повеќе различни начини на кои Google може да ја искористи локацијата за да го подобри искуствто на кориснициви, вклучувајќи ги и Location History, веб и активност во апликации и преку локциски сервиси на ниво на уред. Објавуваме јасен опис на овие алатки и робусна контрола за луѓето да можат да ги вклучат или исклучат“.

За во целост да го исклучите следењето треба да ја деактивирате Web and App Activity функционалноста. Само со исклучена Location History може да се креира мапа на движење на корисникот.

Ако знаете што треба да исклучите тоа и не е премногу тешко. На My Account страницата двете функционалности се една под друга. Првата е Web & App Activity, а втората Location History. Ова е најлесниот начин да ги направите промените, на телефон промените се прават преку  Settings > Data & Personalization > Activity Controls. Секако треба да ги исклучите и двете функционалности или Google поворно ќе знае барем дел од податоците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
lakimens
6 years ago

Па добро, ова не е ништо ново, корисникот може да биде приближно лоциран преку IP ако е поврза на Wi-Fi или преку тоа која мрежна точка му е најблиска ако не е поврзан на Wi-Fi. Исто така се скенираат Wi-Fi точките и кога не е оклуќен Wi-Fi ако му дозволите, за подобро да ве лоцира.

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Singular

Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk