Креаторите на YouTube наскоро ќе добијат можност да си ја подобрат заработката. Од компанијата објаснија дека рекламите кои не може да се рипнат наскоро ќе им бидат достапни на сите. Единствен услов ќе биде профилите да имаат можност за монетаризација. Ова е добра вест, бидејќи компаниите кои плаќаат рекламирање на YouTube плаќаат повеќе за реклами кои не може да се прескокнат.
YouTube има 2 типа на реклами, реклами кои може да се прескокнат и реклами кои не може да се прескокнат. Со новите промени и отворање на вторите реклами за сите доаѓа и едно ограничување. Рекламите нема да смеат да бидат подлоги од 20 секунди.
Рекламите кои не можеа да се рипнат постоеја и досега, но им беа достапни единствено на неколку одбрани партнери на компанијата. Сите реклами кои досега можеле да се прерипаат по 5 секунди, сега автоматски ќе бидат префрлени во новата категорија.
Секако тука е и опасноста дека со поставување на овие реклами корисниците кои ги гледаат видеата единствено ќе ги затворат, наместо да ја изгледаат рекламата.