Yandex е нов партнер на Uber за Русија

во Свет

Рускиот пребарувач Yandex, кој и самиот работи на автономни возила, е новиот партнер на Uber на територија на Русија.

Одделите за транспортот на патници и производи во Русија, на Uber и Yandex ќе се спојат во една компанија. Во ова партнерсво Uber ќе биде малцински сопственик. Yandex има 59,3% од компанијата, a Uber 36.6%. Вработените во компанијата ќе поседуваат 4.1% од акциите.

„Целта на новата компанија е да им служи на потребите на патниците, возачите и на градовите додека развиваме одржлив систем за превоз на патници и храна, но и логистика во регионот. Спојувањето на локалната експертизата на Yandex во пребарувањето, мапите и навигацијата со нашето глобало искуство ќе ни помогне да креираме најдобар локален сервис и да обезбедиме алтернатива на купувањето на возила“, вели Uber.

Партнерството ќе оперира и надвор од територијата на Русија, поточно во Русија, Азербејџан, Белорусија, Казакстан, но и Ерменија и Грузија. Последните две држави се нови пазари за Uber. Заедничката компанија ќе оперира во 127 градови.

Повлекувањето од самостојното оперирање во Русија доаѓа откако Uber направи слично партнерстви со Didi во Кина.

За креирање на компанијата, Uber инвестираше 225 милиони долари, а Yandex 100 милиони долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments