Yahoo! Messenger ги цензурира линковите кои ги праќате

FilesTube ги индексира страниците како RapidShare, Megaupload, Mediafire и слични, и ви овозможува да пребарувате низ низ нивните фајлови со клучни зборови. Јасно е дека цензорирањето на овие линкови е направено поради можноста да се симнуваат пиратски содржини од страницата, но не е јасно како Yahoo ги филтрира овие податоци.

Ако ги цензорира линковите од FilesTube, се поставува прашањето што уште се цензорира? Дали клиентот има некој вграден механизам за цензорирање или пак тоа се извршува на серверската страна, што би значело дека Yahoo ја парсира секоја наша реченица барајќи „забранети“ зборови. Каде е тогаш приватноста на корисниците на Yahoo! Messenger?

Yahoo сигурно не се единствениот систем за инстант пораки кои го извршуваат ваквиот тип на цензорирање, а сигурно не е ни нешто ново. Останува единственото прашање дали постои навистина приватност во мрежата, или пак имаме „Голем Брат“ кој будно гледа се што ќе кажеме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
nee bitno
nee bitno
15 years ago

Cenzurira ;)