Yahoo! и MySpace наскоро и на мобилните платформи

во Веб

{mosimage}Yahoo! и MySpace ги ревидираа своите портали со цел да ги направат достапни за мобилните платформи и исто така да работат на мобилни апликации кои ќе ги оптимизираат презентациите на одредени модели на мобилни телефони. MySpace ќе работи на развој на мобилни апликации за Nokia S60 телефоните, како и за претстојниот Palm Pre “паметен телефон”. MySpace веќе има апликации за iPhone, BlackBerry, Sidekick и Android платформите, и неодамна најави дека ќе се приклучи на Symbian фондацијата и ќе работи на развој на апликации за таа платформа, на која се базирани Nokia S60.

Надградената верзија на мобилниот портал на Yahoo! моментално е во фаза на бета тестирање, и ќе оди во живо во Март, изјави Марко Боерис, подпретседател на Yahoo! Connected Life, на прес конференција на Светскиот конгрес за мобилни кој се одржува во Барселона деновиве.

Yahoo! ќе објави апликација со која ќе го интегрира новиот портал со iPhone во Март, како и аплет за Јава-базираните телефони, вклучувајќи ги тука и моделите на Nokia и LG, во мај оваа година. Според Боерис, компанијата исто така работи на апликации за Android, но не се подготвени за одредување на датум за објавување на истите.

{mosimage}

Апликациите и порталот на Yahoo! ќе овозможат презентирање на вести, надополнувања во врска со корисничките профили од друштвените мрежи, вклучувајќи ги тука MySpace и Facebook, во формат прилагоден за екраните на мобилните телефони. Кај новата апликација која е наследник на апликацијата Yahoo!Go, заменет е претходниот интерфејс каде иконите беа подредени во линија како кај iPhone, со нов интерфејс каде иконите се групирани во мрежа. Овие измени овозможуваат лесен пристап до значително зголемениот број на икони кои доаѓаат со новата платформа.

На минатогодишниот конгрес, Боерис претстави слична верзија на порталот на Yahoo!, како сервис за социјално здружување, базиран на адресарот наречен OneConnect. Тој портал беше наменет само за iPhone, но многу од опциите од тој портал го најдоа своето место во новата мобилна апликација на Yahoo!.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments