Кинескиот производител Xiaomi го претстави новиот лаптоп Mi Notebook Pro. Новиот лаптоп повторно ги врати споредбите на компанијата со Apple. Дел од вината секако е кај кинескиот производител кој може и подобро да ги одбира имињата.
Ако може да се замери на името, на хардверот секако нема да може. Лаптопот доаѓа со 15.6-инлен дисплеј; последна генерација на Intel Core i7 процесор; 16 GB RAM; до 1TB SSD и Nvidia Geforce MK 150 графичка картичка.
Графичката картична нема, а и не треба премногу да ве возбуди. Sепак не станува збор за гејминг лаптоп, но на Mi Notebook Pro ќе може и да изиграте некои од игрите кои немаат преголеми графички побарувања.
Лаптопот има можност за отклучување со отпечаток, а сензорот е „скриен“ во тачпадот на Notebook Pro. Уредот доаѓа со 2 USB-C порти и уште 2 обични USB порти. Дополнителен монитор може да се приклучи преку HDMI, а има и слот за читање на картички.
Како и претходниот лаптоп, Mi Notebook Air, дизајнот и на овој ќе го забележите веднаш. Кинеските компании не се препознатливи по убавинита на уредите, но ова не важи за Xiaomi и дизајнот е и повеќе од солиден.
Цента на Mi Notebook Pro започнува од 980 долари. Единствената лоша вест е дека официјално лапотопот е достапен во продажба единствено во Кина, па купувањето е проблематично.
Лаптопот доаѓа со . . . Nvidia Geforce MK 150 графичка картичка.
Графичката картична нема, …
Сега има или нема графичка? :)
Здраво, Васко. Направивме мали измени, ваљда е појасно сега. Поздрав