0 коментари 2 мин. читање 20 ноември, 2017

World of Warcraft слави 13 годишнина

Една од најпопуларните ММОRPG игри одбележува 13 години постоење преку најразлични настани и подароци.

Сите оние кои ќе се логираат во играта до 30.ноември ќе добијат пакет во кој се кријат 200 Timewarped Badges, Celebration Package item за зголемено искуство и репутација за 13%. Ваквиот „засилувач“ трае само еден час, но знае да биде корисен со новиот квест, Letter from the Timewalkers, кој ќе ве одведе или во Orgrimmar или Stormwind. Историчарите Llore и Ju’pe секојдневно ќе ви стојат на располагање со две повторливи квест линии за дополнително печалење Timewarped Badges и тоа или преку одговарање прашања за World of Warcraft или преку соочување со препознатливи босови. По нивниот пораз, постојат шанси да се почестите со класична опрема.

Оние играчи кои се од левел 1 до левел 59, а не успеаја да ја завршат ваквата квест претходната година, ќе добијат можност да ја завршат сега.

Престојот во Azeroth се препорачува на сите оние кои сакаат да ја одбележат годишнината со епски пресметки со класични босови, а и да си купат ексклузивна опрема со временски-чувствителната валута.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top