World of Warcraft: Shadows of Argus започнува од наредната недела

World of Warcraft и понатаму продолжува седи на тронот релативно не предизвикана. Ваквото нешто највеќе се должи на преголемата посвета на тимот и константното расчленување на огромниот свет и обогатување со содржителни експанзии и закрпи.

На 29.август ќе стапи на сила закрпата 7.3 и инвазијата на Аргус конечно ќе започне! Ветераните на оваа ММО игра ќе го започнат новото проширување така што ќе ги спојат силите со Велен и полека, но сигурно ќе се движат низ нови поглавја од приказната, уредно подредени низ три нови региони. Во првата недела по закрпата, ќе можете да ја започнете инвазијата во Krokuun и да добиете пристап до нови World Quests и Emissaries. Втората недела ќе ви дозволи да ја завршите приказната на Krokuun и да отпатувате во разрушениот град Mac’Aree. Тука, ќе добиете пристап до Invasion Points и дополнителни World Quest-ови. Во третата недела ќе можете да ја завршите целата приказна од кампањата Shadows of Argus, да ги отклучите апсолутно сите предвидени World Quests и да навлезете во нова зандана, Seat of the Triumvirate. Со активирање на вашиот Netherlight Crucible на бродот Vindicaar ќе можете и да започнете со ковење реликти.

Кога сме кај бродот на Велен, Vindicaar ќе игра и улога на вашата база на операции на Аргус и доаѓа со сите благодати кои би можеле да ги очекувате во еден дом. Зборуваме за корисни помагала како гостионичар, поштенско сандаче, тренери за професии, даватели на квестови, продавачи, навигациона конзола, портали, поправки и многу повеќе!

World of Warcraft: Shadows of Argus ќе се одликува и со две фракции кои се нови за играта. Имено, The Army of the Light е герилска сила која со векови наназад не се мириса со легијата. Од друга страна, Argussian Reach е еден вид заедница од бегалци и отпадници кои не сакаат ништо повеќе отколку да си ја повратат домовината.

Се што треба да знаете за World of Warcraft: Shadows of Argus имате тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments