2 коментари 1 мин. читање

World of Warcraft слави 7-ми роденден со реклама со Чак Норис!

Пред точно седум години, на 23 ноември Blizzard го стартуваше досега нивниот најпопуларен проект World of Warcraft. Од тогаш поминаа неверајтни и забавни седум години.

За седмииот роденден на WoW Blizzard ги награди играчите со мал токен и писмо заблагодарувајќи им се на довербата. Но можеби најинтересното нешто претставено за роденденот беше телевизиската реклама со неверојатниот и секогаш импресивен Чак Норис. Во рекламата Чак Норис игра melee hunter (играчите на WoW ќе знаат за што станува збор).

[youtube]arKpdxjHamI[/youtube]

Како беше пред седум години? Раидовите беа составени од 20 или 40 луѓе, класите беа избалансирани, а добивањето на добра опрема беше успех сам по себе. Играчите кои играа инстанците мораа да ги поминуваат многу повеќе со својата вештина и следење на тактиката отколку со опремата која ја имаа собрано. Во тоа време секоја класа можеше да победи било која друга во зависност од талентот на играчите. Ама сепак најдоброто тогаш беше што играта беше нова и свежа.

За крај би сакале да ве потсетиме на сите воведни видеа од ванила WoW и експанзиите Burning Crusade, Wrath of the Lich King и Cataclysm:

[youtube]dYK_Gqyf48Y[/youtube]
[youtube]Lp5XsILypYQ[/youtube]
[youtube]BCr7y4SLhck[/youtube]
[youtube]Wq4Y7ztznKc[/youtube]

Среќен 7-ми роденден WoW!

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top