Компанијата Wonderful, која развива платформа за деловни АI-агенти, објави инвестиција од Серија А вредна 100 милиони долари. Оваа рунда на финансирањe ја предводеше Index Ventures, со учество на фондовите IVP и Insight Partners, како и на постоечките инвеститори Bessemer и Vine Ventures.
Wonderful развива деловни AI-агенти наменети за директна комуникација со клиентите преку чет, гласовна и е-пошта и специјално приспособени за секој пазар и јазик. Оваа рунда на финансирањето, која доаѓа само четири месеци по почетната инвестиција од 34 милиони долари, е доказ за успешноста на пристапот на компанијата Wonderful, кој се огледува во широката примена на АI-агенти во компаниите кои директно комуницираат со клиентите.
„Потенцијалот на АI-агентите е јасен, но нивното воведување во пракса претставува огромен предизвик“, изјави Бар Винклер, извршен директор и ко-основач на Wonderful. „Тоа бара комбинирање на врвната технологија со беспрекорната локална поддршка и имплементација. Тоа беше нашиот пристап во Адриа регионот и токму тој пристап доведе до така брзо усвојување на нашата технологија.“
Основана на почетокот на 2025 година, компанијата Wonderful расте со неверојатна брзина, бидејќи успешно го решава клучниот предизвик на пазарот – како вештачката интелигенција да стане масовно применлива во работењето. Нивниот адут е единствениот пристап, којшто ја спојува моќната АI-платформа со стручни локални тимови. Токму оваа комбинација овозможува решението совршено да се приспособи на сложените услови во Адриа регионот, како што се различните јазици, културните специфики и законските рамки.
„Компаниите во нашиот регион предолго мораа да избираат помеѓу глобалните решенија кои не ги разбираат локалните специфики и локалните пристапи кои немаат капацитет за раст на глобално ниво“, изјави Ведран Бајер, генерален директор за Адриа регионот во компанијата Wonderful. „Ние веруваме дека ги заслужуваат и двете решенија. Нашата мисија е да ги поддржиме компаниите со помош на вештачката интелигенција – технологија која го зборува нивниот јазик, ја почитува нивната култура и ги истакнува нивните предности.“
Целосно интегрирани во интерните системи на компаниите, АI-агентите на компанијата Wonderful веќе обработуваат десетици илјади сложени интеракции дневно, од решавање на поплаки за сметки до закажување термини, а во преку 80 % од случаите човечката интервенција не е ниту потребна.
Хана Сил (Hannah Seal), партнерка во фондот Index Ventures, изјави: „Wonderful го помина патот од идеја до глобална компанија за помалку од една година, што е извонредно по сите мерила. Тие докажуваат дека компаниите не сакаат само АI-агенти – ги сакаат оние кои функционираат на секој пазар и на секој јазик. Таа јасност на фокусот, во комбинација со способноста на тимот да го спроведе тоа, е причината зошто Wonderful толку брзо се пробива.“
„Wonderful веќе покажува што значи да се гради одржлив глобален бизнис“, рече Џеф Хоринг (Jeff Horing), ко-основач и генерален директор во Insight Partners. „Прифаќањето што го гледаме во различни индустрии покажува колку можат да бидат вредни агентите кои ја „разбираат“ локалната култура. Ова е компанија со потенцијал да го преобликува начинот на кој компаниите комуницираат со клиентите ширум светот.“
Иако почетниот фокус на компанијата Wonderful беше насочен кон корисничката поддршка, платформата веќе наоѓа широка примена и во други области, како што се обуката на вработените, поддршката на тимовите за продажба, усогласувањето со прописите, интерната ИТ-поддршка и воведувањето на нови вработени во работата. Клучот е токму во нејзината флексибилност. Таа може длабоко да се интегрира во постоечките системи на компанијата и лесно да се приспособи на локалните услови на секоја земја, овозможувајќи им на клиентите да ја прошират употребата на агентите на нови функции без многу дополнителен напор.
Компанијата Wonderful, основана во 2025 година, обезбедува интегрирана платформа којашто им овозможува на претпријатијата да креираат, управуваат и надгледуваат АI-агенти. Овие агенти комуницираат со клиентите преку чет, гласовна и е-пошта на кој било јазик или во кој било културен контекст. Комбинирајќи ја напредната АI-инфраструктура со локалната имплементација, Wonderful им овозможува на компаниите да користат агенти кои комуницираат речиси како луѓе на некои од најсложените пазари во светот, на кои досега немаше соодветни услуги.







