Withings го направи првиот паметен часовник кој изгледа прекрасно

во Хардвер

Withings Active е првиот паметен часовник кој за разлика од сите останати паметни часовници прекрасно изгледа.

Прво што паѓа во очи е дека Withings Active воопшто не наликува на паметен часовник. Недостатокот на дисплеј значително ги ограничува можностите на часовникот, но сензорите кои се наоѓаат во него се повеќе од доволни. Така Active го следи спиењето или движењето на корисникот и го споделува со паметниот телефон. Цената за убавината, сепак се ограничените функционалност, иако треба да се земе в предвид дека и останатите часовници мора да ги „шетате“ заедно со телефонот.

Сепак и покрај сензорите Active е повеќе „step counter“ интегриран во часовник отколку паметен часовник на кој навикнавме во последниот период. Така Active може да следи чекори, да го следи сонот на корисникот, со оглед на тоа дека е водоотпорен Active може дури и да го следи испливаното растојание. Но, Withings Active е поскап во споредба со останатите часовници и чини 450 долари, втор недостаток е поддршката која во моментов единствено доаѓа за iOS.

[youtube]32lkdl_jQVo[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments