Windows Phone Marketplace надмина 40.000 апликации

во Мобилни

Продавницата за мобилни апликации за Windows Phone сега има над 40.000 апликации и игри, сите апликации се додаваат од 10.731 различни издавачи, открива истражувањето на блогот AllAboutWindowsPhone кои очекуваат дека, ако продолжи оваа темпо, продавницата ќе стигне до 50.000 апликации во јануари 2012-та.

Дневно се додаваат по 165 апликации, а во последниве 90 дена се додадени 10.882 апликации, односно во последниве 30 дена се додадени 4.770 апликации. Од објавениот софтвер 85 отсто се апликации, додека 15 отсто се игри. Oколу 68 отсто се бесплатни апликации, 23 се платени, а 9 отсто се платени со бесплатна тест верзија.

Иако ова е импресивен раст на продавницата за мобилни апликации на Microsoft сепак е далеку зад Android App Store на Google кој брои над 300.000 апликации, односно далеку зад Apple App Store кој има над 500.000 апликации и додава по 150.000 апликации на секои четири месеца.

Microsoft сè уште е во период на претставување на својата нова мобилна платформа Windows Phone 7. Неодамна се појавија првитe Nokia уреди, и во 2012-та ќе следат уште WP7 паметни телефони и таблет компјутери, што ќе значи и повеќе апликации. Но, се зависи од колку ќе биде успешна WP7 платформата која ќе мора да се истакне на пазарот каде владеат Android и iOS.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments