Windows Phone Marketplace има 100.000 апликации

Продавницата за мобилни апликации за Windows Phone додава по 313 нови апликации дневно и сега, по година и пол од стартувањето, вкупно има околу 100.145 апликации од 23.825 издавачи, ни открива Microsoft.

Ова е доста интересна бројка земајќи в предвид дека на Windows Phone му требаа скоро 14 месеци за да стигне до 50.000 апликации. Но, сега за 5 месеци продавницата се наполни со уште толку, што е побрзо време отколку што му беше потребно на Android. Уште позначајно е дека скоро 88.000 од 100-те илјади апликации се достапни во 60 различни земји.

На продавницата има најмногу забавни апликации околу 18.000, потоа апликации за продуктивност, околу 14.000, и, интересно, има повеќе книги, околу 13.000, отколку видео игри – околу 12.000.

Но, колку и да се импресимни овие бројки дали се вистински показател за квалитетот на Windows Phone и неговото влијание на мобилниот пазар кој во моментов е доминиран од Android и iOS. Можеби за година дена кога ќе видиме куп разни WP7 уреди ќе може вистински да процениме дали платформата на Microsoft е конкурентна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk