0 коментари 2 мин. читање 3 јули, 2012

Windows Phone 8 ќе има искривена тастатура за полесно куцање со една рака?

Windows Phone 8 изгледа се подобро со секоја нова информација која ја добиваме. Според најновите фотографии објавени од WMPowerUser се чини дека Windows телефоните ќе имаат тастатура на допир која ќе биде искривена за полесно пишување.

Тастатурата ќе биде полукружна и е наменета за внесување текст со една рака, поточно со палецот. Распоредот на буквите е според qwerty стандард. но пишувањето е како на стандардна мобилна тастатура, односно едно притискање на копчето за првата буква, две за втората итн.

Сепак, станува збор за непотврдени информации, иако карактеристиките на тастатурата веќе се забележани и на сегмент од видеото подолу, поточно на таблата зад  др. Виктор Бал кој е главен за мобилно истражување во Microsoft. На таблата се забележува текст „внесување податоци со една рака (Аполо)“ и „софтверска тастатура“.

Ако фотографијата е автентична, а презентацијата е направена на HTC, нема причина зошто да не веруваме дека тастатурата ќе биде достапна и на Windows 7 телефоните.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top