Windows 10 ќе добие музички сервис налик на Spotify

0 коментари 1 мин. читање

Microsoft работи на надградба на својот музички сервис која ќе биде достапна заедно со Windows 10. Новата надградба нема премногу да се разликува од досегашната, покрај ребрендирањето и напуштањето на Xbox Music, новата верзија доаѓа со „козметички“ промени. Апликацијата сега наликува на Spotify, вели Verge. Во средината на темна основа се поставени бендовите и изведувачите, од лева страна е менито и плеј листите, а десно се последните песни кој корисникот ги слушал и препорачани плејлисти. Ова сеуште не е финалната верзија на апликацијта, а Microsoft има уште неколку месеци до излегувањето на Windows 10 за промена на корисничкиот интерфејс.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед