0 коментари 2 мин. читање 26 мај, 2015

Мултиплеерот ги учи гејмерите на соработка и ја намалува агресијата

Играњето на видеоигри со вашите пријатели ја подобрува способноста на играчите за соработка и истовремено ја намалува агресијата, велат резултатите од истражувањето кое го направија неколку универзитети во САД и Европа. Истражувањето е направено со кооперативните видеоигри, а споредбите во анализата се направени со играчи кои играат „насилни“ видеоигри, но и со испитаници кои воопшто не играат. Анализата покажува дека кооперативните видео игри воопшто не влијаат на агресијата, а играчите имаат исти резултати за нивото на агресивност како и луѓето кои воопшто не играат видеоигри.

Во истражувањето испитаниците ги играа Halo и Time Splitters 2, а нивното ниво на агресија е споредувано помеѓу различни групи. Резултатите покажуваат дека кооперативното играње и „single player“ играњето не го зголемуваат нивото на агресија, за разлика од ова натпреварувањето помеѓу играчите влијае на агресијата и овие играчи се значително поагресивни во текот на играњето .

Во текот на играњето се мерени: гласноста на играчите и меморијата на учесниците. Истражувачите објаснуваат дека играњето на кооперативни видео игри ја зголемува кооперативноста како социјална норма, што понатаму прави да бидат покооперативни во иднина. Вообичаено овие истражувања не поминуваат без контраверзи, овој пат прашањата се зошто се испитувале само „насилни“ видеоигри, но и кој бил критериумот за избор на овие игри, вели Ars Technica.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top