Windows 10 Creators Update доаѓа на 11 април

Microsoft официјално изјави дека најголемото надополнување за оперативниот систем Windows 10 во 2017 година ќе се провлече низ сите направи за неполни две недели.

Creators Update за гејмерите ќе воведе вградено емитување преку Beam, односно стриминг на гејминг сесии и интеракција со гледачите во реално време. Гигантот од Редмонд ветува ниска латентност и никаква потреба за дополнителен хардвер и софтвер.

„Со Beam не само што ги гледате вашите омилени стримови туку и можете да четувате, да стапувате во интеракција и да земате учество во најразлични активности со стримерите и заедницата на целосно нови начини,“ објаснуваат од Microsoft.

Windows Game Mode-от, пак, дозволува приоретизирање на ресурси за да се подобрат перформансите во игрите. Од компанијата изјавуваат дека Game Mode-от би работел и со UWP И со Win32-bit базирани игри и би успеал да допринесе до по оптимизирано искуство и со таквите верзии на игри.

Оние кои не се по игрите, а и по постојаното скокање од едно до друго место низ Windows-от за да ги прилагодат нивните безбедносни постапки, ќе бидат израдувани со воведување Windows Defender Security Center, едно појдовно место за прилагодување на сите безбедносни опции.

Покрај ова, најновото надополнување ќе излезе во пресрет и на одредени проблеми кои ја загрозуваат приватноста на корисниците. За таа цел, Express Settings ќе биде потранспарентна, а и ќе се прикажуваат нотификации поврзани со одредени опции кои се важни за приватноста. Згора на сево ова, Microsoft’s Edge прелистувачот ќе стане побрз и побезбеден, а функцијата night light ќе ја намали светлосната јачина на екранот за време на ноќните часови и ќе допринесе подобро спиење (под услов да мислите и на позитивни работи).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments