Wildstar згаснува на 28 ноември

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

ММО играта на Carbine Studios дефинитивно згаснува на 28.ноември. Издавачите NCsoft неодамна објавија дека на играта ѝ се гледа крајот. Во меѓувреме, многу играчи пробаа почесто да навлегуваат во играта и да потпишуваат петиции против згаснувањето, но сите напори беа без саканите резултати.

„Никогаш не е лесно да се каже збогум на нешто, особено доколку таквото нешто за многумина значи многу – но Wildstar згаснува на 28.ноември, 2018 година.“, се чита во блог постот на студиото и се додава дека: „Од сега, па се до тој момент, правиме се што можеме за да ја испочитуваме заедницата на Wildstar и да ви се заблагодариме за вашата поддршка“.

Студиото планира да ја одведе играта на вечните пасишта така што организира бројни настани и активности. До самиот крај, играчите ќе можат да собираат двојно повеќе искуствени поени и двојно повеќе можности за собирање валути. од 12 до 19 ноември, стапува на сила настанот Residential Renovation,, а од 9 до 23 ноември, се враќа настанот Protostar’s Gala Winterfest Extravaganza . Последната недела е резервирана за настанот zPrix Invitational, а на последниот ден студиото вети некоја малку поразлична забава и заедничко дружење.

Со оваа најава, излезе и последното надополнување за играта, кое ги прави сите содржини во играта попристапни за сите играчи. Валутата која се купуваше со вистински пари ќе биде преточена во Omnibits. Со валутата која сега само ја добивате со играње на играта, ќе можете да ги купувате сите работи кои ги има во продавницата, како костими, животни и возила и најразлични други предмети. Во случај да сте потрошиле вистински пари од 1.јули наваму, ќе ви бидат вратени парите.

Студиото Carbine, кое моментно функционира на стаклени нозе и со исклучително мал број луѓе, се изјасни дека се навистина благодарни на заедницата.

„Нашата надеж е дека овие последни месеци ќе можеме да ги прославиме огромните авантури кои ги доживеавте на планетата Нексус и дека ќе може и малку да се позабавиме.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] страна, извршниот директот на NCSoft, компанијата која ја згасна ММО играта Wildstar без да им трепне око, не зборува само за загубите кои […]

trackback

[…] Доколку почнете да се навраќате и да забележувате кои сè ММО игри згаснаа, ќе добиете импресивно долга листа од игри, ММО наслови како Star Wars Galaxies, City of Heroes a, набргу и WildStar. […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk