0 коментари 2 мин. читање 7 јули, 2015

WiFi кутија ви гарантира приватност на оддалеченост од 4 километри

ProxyHam е уред на Бен Каудил, истражувач од Rhino Security Labs, кој ќе биде презентиран на DefCon конференцијата во Лас Вегас следниот месец. Уредот овозможува физичко маскирање на IP адресата штитејќи го идентитетот на корисникот. Уредот преку радио врска овозможува корисникот да биде оддалечен 4 километри од WiFi мрежата која ја користи. ProxyHam е со отворен код, а неговото склопување чини околу 200 долари. Станува збор за радио на 900MHz кое ја реемитува интернет конекцијата до корисникот, притоа овозможувајќи физичко растојание. Ова ќе овозможи дури и доколку се открие IP адресата, корисникот да не биде во нејзина близина кога ќе биде откриен, туку безбеден на 4 километри од објектот во кој е скриен ProxyHam.

„Проблемот со Wi-Fi како протокол е што не овозможува растојание кое ви е потребно. Доколку FBI тропне на врата можеби нема да биде мојата врата, но ќе бидам толку блиску што ќе можат да слушнат како дишам. ProxyHam ви ги овозможува придобивките од криење во Starbucks без притоа да мора физички да бидете присутни“, вели г. Каудил за Wired. Се чини дека најочигледно од уредот ќе имаат корист сајбер криминалците, но и активисти и новинари во држави во кои владее режим без сомневање ќе имаат корист од ProxyHam. Сепак г. Клаудил предупредува дека никој не треба во потполност да зависи единствено од неговиот уред, барем додека не е потполно тестиран, па предлага да се користи во комбинација со Tor мрежата. Следен додаток на ProxyHam би можел да биде микрофон со чија помош корисникот навремено би дознал кога уредот е откриен.

Image courtesy of Ben Caudill/Proxyham

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top