WeDrive и иновативниот начин на рекламирање во движење

WeDrive

Секојдневно сме опкружени со реклами од најразличен тип, компаниите се обидуваат на секој можен начин да стигнат до своите потенцијални потрошувачи.

Од друга страна маркетинг агенциите се натпреваруваат со ефикасноста, креативноста и иновативноста на секој еден нов начин на рекламирање.

WeDrive е релативно ново иновативно решение кое им нуди рекламирање на компаниите преку мобилни билборди, а од друга страна им нуди на возачите заработка преку возење на сопствениот автомобил.

За повеќе детали околу овој иновативен бизнис модел поразговаравме со еден од основачите на WeDrive, Љупчо Мадевски.

Љупчо Мадевски

Што е WeDrive?

WeDrive е платформа за надворешно рекламирање, која претставува комбинација од модел на надворешно рекламирање на возила, веб и мобилна апликација за следење на успешноста на рекламната кампања во реално време. WeDrive е прва ваква платформа на нашиот пазар, која нуди метрики за мерење на успешноста на надворешни рекламни кампањи на возила во движење.

Од каде е идејата за креирање на WeDrive, кога го лансиравте и каде оперирате во моментов?

До оваа идеја за изработка на софтвер од ваков тип, наменет за европскиот пазар дојдовме до инспирација следејќи ги некои од веќе постоечките компании за надворешно рекламирање и проблемите за мерливоста и малата достапност на информации во врска со успешноста на надворешните рекламни кампањи. Реализацијата на целиот проект WeDrive започна во Март 2023та, пред една година.

Првите WeDrive кампањи ,,Вози и заработувај‘‘ и ,,Вашиот бренд на тркала’’ започнаа на 1ви Октомври, со што и официјално го прогласивме почетокот на приказната наречена WeDrive. Во моментот WeDrive платформата е достапна на ниво на цела Македонија, а се надеваме дека наскоро ќе биде достапна и надвор од нашата држава.

Колку е македонскиот пазар е подготвен за овој концепт на мобилен билборд и каква е реакцијата која што досега ја добивате од корисниците?

Иако сме мала држава, и ова е доста нов концепт, сепак сметаме дека македонскиот пазар има потреба и е повеќе од подготвен за прифаќање на иновации во областа на надворешното рекламирање. Тоа го докажуваат брендовите кои веќе ги препознаа предностите на WeDrive платформата и големата заедница на возачи и корисници на WeDrive апликацијата на кои посебно се гордееме.

Кој е tech-стекот на вашиот софтвер?

За back-end делот користиме PHP, специфично Laravel, за осигурување на моќна функционалност и ефикасност.

За дел од Custom API’s, се користи чист PHP за задоволување на специфичните потреби.
Front-end делот од нашиот дешборд е изработен со HTML, CSS и JS, обезбедувајќи корисничко искуство што е интуитивно и привлечно за корисниците. JS ни овозможува client-side rendering подобрувајќи го user-experience.

За мобилната апликација, целосно се користи Flutter, обезбедувајќи крос-платформска компатибилност и брзо развојно време. Ова овозможува апликациите да бидат комплетно исти на Android и iOS, со брзина блиска до Native.

Во врска со базата на податоци, користиме комбинација од Firebase и MySQL, обезбедувајќи стабилност и скалабилност во чувањето и манипулирањето со податоци.

Како функционира вашиот алгоритам за добивање и пресметка на податоците?

Алгоритамот на WeDrive е концептуализиран врз основа на комплексни калкулации и пресметки, кои се базираат на важни параметри за пресметка на бројот на впечатоци кои го остваруваат возилата во движење на кои е аплициран рекламниот материјал.

Клучот до неговата ефикасност лежи во употребата на податоци во реално време од повеќе извори, врз чија база се извршуваат пресметките.

Основните извори на податоци вклучени во нашиот систем се податоци за густина на сообраќај, кои обезбедуваат информации за состојбатата на сообраќајот во реално време и истите се интегрира со други параметри од различни извори за да се стигне до релевантни бројки. За да се подобри перформансата и да се намали времето за одговор, користиме кеш систем за складирање на податоци, кој ги зачувува најчесто бараните информации за брз пристап.
WeDrive

Споделете неколку статистики, кои се ваши клиенти до сега?

Од лансирањето на WeDrive во Октомври 2023та година, до денес броиме над 300 возачи регистрирани на нашата платформа, 40 брендирани приватни возила, и 6 кампањи за клиенти меѓу кои се компаниите ,,Витаминка’’, ,,Gley” и ,,Ананас‘‘ , кои од самиот старт го препознаа квалитетот на ваквиот пристап кон надворешното рекламирање. Статистиките покажуваат дека ,,Мобилните билборди‘‘ на WeDrive имаат поминато над 40.000 километри и измерени над 5.000.000 впечатоци.

Каде го гледате WeDrive за 5 години?

За 5 години, WeDrive го гледаме како синоним за надворешно рекламирање на возила и докажан модел за надворешно рекламирање во и надвор од нашата држава. Сметаме дека придобивките од овој концепт за надворешно рекламирање – иако прилично нов за нашиот регион, ќе придонесат до големи промени во областа на надворешното рекламирање и инспирација за се поголеми иновации во иднина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments