Според зборовите на Тим Бернерс-Ли, креаторот на WWW, „кога корисниците го пребаруваат Вебот тие практично се молат дека ќе ги добијат бараните информации“.
Во 14-минутиот документарен филм Web 3.0 на Кејт Реј, студентка на NYU, направена е добра и интересна анализа на проблемите со кои се соочува Интернетот денес и визијата на Семантичкиот Веб како механизам за надминување на овие ограничувања и поместување на Вебот од мрежа на документи (страници), во мрежа на податоци.
Во Web 3.0 се појавуваат голем број истражувачи, иноватори и претставници на компании, кои ги споделуваат своите идеи за тоа во која насока би требало да се движи Вебот во иднина. Помеѓу нив се и Тим Бернерс-Ли – директор на W3C и татко на Вебот, Девид Каргер – професор на MIT и автор на семантичките проекти Haystack и SIMILE, како и Алон Халеви – истражувач во Google.
Со оглед на тоа што нашите професионални, приватни и социјални животи се неизбежно и длабоко поврзани со Интернетот, односно со информациите со кои се „храниме“ преку мрежата, иднината на WWW би требало да не засега сите нас. Доколку сакате да знаете што може да очекуваме во наредните неколку години, погледнете го документарниот филм на Кејт Реј.
(Милош Јовановиќ е помлад асистент на ФЕИТ, на Институтот за компјутерска техника и информатика. Тој се занимава со истражувања во областа на Семантичкиот Веб и можностите кој тој ги нуди. Досега има објавено неколку научни трудови и магистерски труд од оваа област.)
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.