Waymo започна со превезување на патници во Аризона

во Свет

Одделот за автономни возила на Alphabet, Waymo, започна на жителите на Феникс, Аризона да им нуди бесплатен превоз.

Превозот ќе биде достапен за сите заинтересирани кои можат да се пријават на веб-страницата на Waymo. Превозот е со минибусите на Waymo, а компанијата веќе има подготвено и реклама. Засега возилата со кои ќе се превезуваат патниците се Lexus и Chrysler. Едно од ограничувањата е дека учесниците нема да може да го напуштат градот.

Станува збор за тест фаза во која компанијата ќе се обиде да ги тестира возилата во поголем обем. За сите учесници превозот е потполно бесплатен. Целта секако е да се приближат возилата до пошироката јавност, но и да се забележи однесувањето на луѓето во автономните возила. Waymo досега интерно тестира 10.000 возења, пренесе New York Times.

Компанијата го зголеми бројот на минибуси од 100 на 500, а најголем дел од овие возила ќе учестуваат во тестовите. Освен во Феникс, Waymo тестира автономни возила и во Сан Франциско и во Остин. Изборот на Феникс е поинтересен бидејќи во градот своите возила ги тестираше и Uber. Сепак, компанијата мораше да го замени градот откако дозволите не беа во ред.

Шпекулациите велат дека Google преку Waymo, во соработка со Fiat Chrysler ќе креира компанија за превоз или изнајмување на возила. Новото партнерство би можело да биде сериозна конкуренција за веќе постоечките сервиси како Uber и Lyft.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments