Washington Post и Guardian добија Пулицер за известување за масовното шпионирање на NSA

Washington Post и Guardian U.S. се добитници на 98-та Пулицерова награда за дејности во служба на општеството. Весниците оваа награда ја добија за континуирано известување за шпионирањето и нарушувањето на приватноста од Националната агенција за безбедност (NSA), чии доверливи документи беа споделени од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, кој и самиот е номиниран за Нобеловата награда за мир. Натписите во овие весници допринесоа Претседателот на САД, Барак Обама, да повика на јавна дебата за „баланс помеѓу заштитата безбедноста и зачувување на слободата“, вeли New York Times.

Човекот кој е заслужен за оваа сторија Едвард Сноуден е помеѓу првите кои им ја честиташе наградата на Guardian и Washington Post.

„Благодарен сум им на комисијата за нивното признавање на напорите на сите кои се вклучени во минатогодишното известување и им се приклучувам на останатите од целиот свет во честитките на Глен Гринвалд, Лаура Поитрас, Бартон Гелман, Еван Мекаскил, и сите останати од Guardian и Washington Post на добивањето на Пулицеровата награда за јавна служба.“

Денешната одлука е потврда за сите кои веруваат дека јавноста има улога во владеењето. Должни сме ин на напорите на храбрите новинари и нивните колеги кои работеа под огромен притисок и закани, вклучувајќи и насилно одземање и уништување на новинарски материјал, несоодветно користење на законите против тероризмот и уште многу форми на притисок да ги натераат да запрат пред она што светот сега признава дека е од витално значење за јавноста.

Оваа одлука не потсетува дека она што совеста на еден поединец неможе да го промени, може да биде променето од слободниот печат. Моите напори ќе беа бесмислени без посветеноста, страста и вештината на овие весници, тие ја имаат мојата благодарност и почит за извонредната услуга на нашето општество. Нивната работа ни дава подобра иднина и поодговорна демократија“, вели г. Сноуден во својата честитка.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments