Време е да престанеме да црпиме информации од друштвените мрежи

Доколку не беа објавени од лажни профили, најголем дел од контроверзните руски реклами немаше да бидат отстранети, потврди Шерил Сандберг од Facebook.

„Прашањето е дали политички реклами, реклами кои шират раздор или отвораат различни теми треба да се остават. Нашиот став е да, бидејќи ако му го ускратите правото на еден човек, тогаш им го ускратувате правото на сите луѓе“, вели Сандберг.

Од друштвената мрежа сметаат дека за да бидат отворена платформа мора да им овозможат на корисниците да се изразуваат. Секако, тоа не пречи кога се изразуваат преку спонзорирани постови. Ова мора да биде првата изјава која треба да ви дојде на памет секој пат кога се прашувате дали дали некоја информација на Facebook е точна. Друштвената мрежа можеби го остава отворено правото за слобода на говор, но истовремено го овозможува и ширењето на дезинформации.

Ако не е доволно јасно досега, ставот на Facebook значи дека друштвената мрежа дозволува и не прави ништо за отстранување на рекламите кои шират лаги, дезинформации и манипулации. Одбраната на слободата на говор секако ќе беше за пофалба, но проблем е што друштвената мрежа профитира од овие реклами.

Кога се во прашање контраверзните реклами, поинтересно е едно друго прашање кое досега остана неодговорено. Колкав дел од рекламите на руската рекламна кампања во САД, биле таргетирани за исти корисници како и рекламите на тогаш кандидатот за претседател Доналд Трамп, прашува Recode. Г-ѓа Сандберг беше два пати прашана за ова, но не даде конкретен одговор.

Дополнително, друштвената мрежа самата неколку пати објасни, дека ниту се, ниту сакаат да бидат новинска агенција. Сепак, дури 50 % од Американците вестите ги добиваат од друштвената мрежа, пренесе Wired. Можеби Facebook не вработува новинари, но компанијата секако плаќа за содржина.

Facebook најави вработување на нови 1.000 модератори кои ќе ги проверуваат рекламите. Со новите вработувања, компанијата ќе вработува над 3.000 модератори.

Можеби најважното прашање е дали Facebook воопшто е способен да се справи со проблемите. Без разлика дали странува збор за говор на омраза, отстранување на сензационализмот или ширење на пропаганда, друштвената мрежа постојано потфрла.

Главниот проблем на друштвената мрежа е што целата содржина е креирана околу споделувањето, лајковите и реакциите на корисниците. Во замислениот свет на Facebook најчитани и „најлајкувани“ се најквалитетните содржини. Во реалноста најсподелувани се најконтроверзните и сензационалистичките вести. Чекор подалеку, не само што сензационализмот е клучен, туку и негативните вести се далеку посподелувани. Ова важи и за вистинските, но и за лажните вести.

Facebook и досега повеќе пати истакна дека не сака да биде медиум. Без разлика дали ова е вистина или бегање од одговорност, како корисници мора да се запрашаме: „Зошто ние би ги третирале како такви?“

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments