Вработените во Facebook ги заменуваат своите iPhone-и за Android

0 коментари 1 мин. читање

Низ канцелариите на Facebook се закачени постери кои ги мотивираат вработените да се префрлат од iPhone на Android. Не, за жал на Android фановите, ова не е поради тоа што iOS е лоша платформа, туку Facebook бара вработените да се запознаат подобро со платфорамата за да можат да побрзо да го поправат Facebook за Android.

Ваква тактика Facebook искористи и кога креираа апликација за iОС. Тогаш им се делеле iPhone телефони на вработените кои работат на апликацијата.

Интересно, oд „Do you ‘droidfood?” постерите, објавени од TechCrunch, се гледа дека друштвената мрежа очекува Android да стане супериорна платформа, односно до 2016 година да се продадат скоро 700 милиони Android телефони.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед