„Возилото за кловнови“ на Google е можеби најбрилијантниот автомобил во светот

во Свет

Автономното возило на Google кое беше неодамна го претстави, ги воодушеви речиси сите со технологијата која е интегрирана во малото количе. Но, дизајнот е сосема друга приказна. Возилото веќе доби прекари како „возило за кловнови“.

Но, некои веруваат дека перцепцијата која ја имаме за возилата ни е малку погрешна. Возилото на Google можеби изгледа смешно доколку го споредувате со спортските автомобили или со електричниот Tesla Model S. Сепак станува збор за прототип на возило кое вози само, и кое пред се треба да биде безбедно и да покаже дека концептот не само што функционира во Пало Алто, Калифорнија, туку е безбеден и за улиците. Возилото е со максималната брзина од 40 km/h, иако повторно треба да се има на ум дека станува збор за тестови на технологијата и најверојатно ќе има уште куп тест модели пред возилото да биде подготвено за продажба.

„Возилото не изгледа дека е закана – ниту за луѓето на улица, ниту за компаниите кои произведуваат возила и за експертите кои не го разбираат. Има многу луѓе во овие компании кои го разбираат концептот, но компаниите не можат да го инкорпорираат во себе. Дури и кога директорите на компаниите го разбираат не е можно компанијата наеднаш да се сврти за 90 степени – има премногу вградени оддели во големите компании. Ретки исклучоци се компании кои се предводени од своите основачи како Google, Facebook или Apple и Microsoft пред нив, кога основачот ги разбира придобивките, тогаш може да ја принуди и компанијата да ги разбере“, констатира Бред Темплтон од Singularity Hub.

Токму поради неразбирањето на целиот концепт на автономните возила не може да се гледа како на автомобили, тие се следната генерација на возилата кои ќе ги заменат денешните автомобили, како што тие ги заменија коњите и запрежната кола. Доколку некој се сомнева во ова, доволен доказ би требало да му биде видеото кое го сподели Google. На почеток сите гледаат со недоверба на „кловновскиот автомобил“ но кога се во возилото сите изгледаат дека уживаат и се забавуваат.

[youtube]CqSDWoAhvLU[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments