Бројката на испринтани, исечени, склопени и испорачани заштитни маски викендов порасна на помеѓу 1200 и 1500. Волонтерите прават напори да испорачаат доволно маски за да се обезбеди побезбедна работа на лекарите и медицинските лица во период на пандемија на Ковид-19.
Стотици волонтери помеѓу кои лекари и 3д-спринт десетина дена се организираат на најголемата друштвена мрежа за изработка на маски кои ќе ги заштитат здравствените работници кои и се најранливи во оваа состојба.
Она што е најважно е дека овие маски не се на продажба, а организаторот во кој има и медицинска лица ги испорачуваат каде што има најголема потреба. Сите маски и визири се испорачуваат бесплатно и се на или донации или на трошок на организаторите.
Ако имате 3д-принтер или знаете некој кој има 3д-принтер и сакате да помогнете приклучете се на групата 3Д-принт медицинска опрема.
Одлична вест доаѓа кога донациите се во прашање и од организаторите известуваат дека во моментов не се потребни нови донации и граѓаните треба да ги сочуваат средствата за периодот кој доаѓа, а ако има потреба повторно ќе се активираат донациите.