Водич за Facebook реклами

7 коментари 1 мин. читање

Пример, за насловот на рекламaтa Facebook препорачува “да го има името на компанијата или продуктот во насловот, може да биде во форма на прашање или пак насловот да е моќен и да бара повик за акција, или да таргетира интерес.“ Друг интересен совет од многуте е да знаете што барате од рекламата, дали сакате да привлечете луѓе кон сајтот, да ја зголемите продажбата или да го промовирате бизнисот. Покрај советите има и доста примери на успешни реклами така да по малку разгледување ќе можете да си креирате своја реклама.

Тоа што е добро кај Facebook рекламите е што дури и помалите локални бизниси, па и индивидуалци можат да си направат ефтина реклама која ќе е креативна и која пред се ќе допре до таргетираните луѓе од Македонија (над 600.000 корисници) или од светот (над 400 милиони корисници) .

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед