Шведскиот стартап Einride започнува со тестови на своите камиони на јавните патишта. Стартапот објави дека ова се први вакви тестови на глобално ниво.

За почеток возилото може да минува кратки рути, од магацинот и терминалите. Станува збор за возење по јавен пат, но исклучително бавно, до максимални 5 km/h. Тестовите се во индустринската област Јонкопинг.

Камионите кои ги тестира компанијата се електрични, автономни, и не наликуваат на камион кој сме го виделе досега. Преводот на името на компанијата е „чајник“ и можеби е најдобар опис за изгледот на камионот.

Тестовите на Einride T-Pod ќе траат цела година. Натоварен камионот тежи 26 тони и она што најлесно се забележува е дека нема простор за возач. Отсуството на возач и користењето на електрична енергија наместо нафта, ја поевтинува цената на транспортот за 60%. Со камионот целосно се управува преку 5G мрежа, пренесе Reuters.

Возилото е со 4-то ниво на автономија или возило кое може да изврши и посложени операции како нагло запирање. Во возилото нема потреба од возач за надзор, потполна автономија е дозволена во некои ситуации, на пример метеж во сообраќајот. Во вакви ситуации нема потреба од возач кој може и да одмара, па дури и да спие.

„Ние првенствено сме софтверска и оперативна компанија, па партнерство со некој производител ни е клучно за во иднина“, вели Роберт Фалк, директор на Einride.

Стартапот е во преговори со неколку производители на возила, и се надеваат дека до крајот на годината ќе имаат договор за партнерство.

Иако договорите за партнерство не се потпишани, компанијата веќе има договори за испораки на камиони. Schenker, Lidl, Svenska Retursystem и уште 5 големи компании ќе купат возила од Einride. До 2020 компанијата се надева дека на улиците ќе има 200 камиони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk