Во Шведска програмирањето ќе се изучува од прво одделение

Иднината е во компјутерската писменост. Само во Европската Унија во 2020 ќе има недостаток од 1 милион програмери. Поради ова учениците во Шведска ќе започнат да изучуваат програмирање од прво одделение. Плановите за наставна програма ќе бидат готови веќе од 2018 година, јави Nordic Business Insider.

„Потребни ни се повеќе програмери, ова е вештина која ќе биде неопходна за многу работни места. Уште поважно, програмирањето сè повеќе влијае на сите.“, вели Шведскиот министер за образование.

Програмирањето на почеток ќе биде дел од другите  предмети.  На пример, математика или технички науки. Еве како програмирањето ќе биде имплементирано, според Reddit.

  • Математика – Од прво до трето одделение, алгебра инструкции чекор по чекор. Четврто до шесто и седмо до деветто, креирање на алгоритми, програмирање во визуелна средина.
  • Техничко образование – Креирање на технички решенија и контрола на објекти со програмирање. Од четврто до шесто, контрола на дизајн и други објекти со програмирање. Од седмо до деветто се предвидуваат технички решенија со користење на електронска опрема и нивно програмирање.

Ова може да биде добра идеја и за идната влада и министер за образование, кои би морале барем да почнат да размислуваат за програмирање кај најмладите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk