0 коментари 2 мин. читање 25 април, 2017

Во сабота дојдете и играјте друштвени игри во Јавна соба

Оваа сабота се одбележува Меѓународниот ден на друштвените игри. Веќе традиционално, неколку години овие настани ги организираат Гоблин друштвени игри и Boardgames.mk. Разлика од претходните години е локацијата, па оваа година настанот ќе се одржи во Јавна соба.

Официјално отворањето е од 13:00 часот и ќе трае до 23:00 часот. Вообичаено секој заинтересиран може да ја донесе својата омилена игра. Ако немате таква, сѐ што е потребно е дружељубивост и волја. Вообичаено има доволно игри на кои може да се приклучите, а луѓето се дружељубиви.

Добра вест за сите кои сакаат да ја ѕирнат Rise to Nobility е дека Final Frontier Games ќе се приклучат во сабота. Ќе има можност и за тестирање и играње на играта пред да излезе, но и пред да заврши кампањата. Најверојатно ќе има можност и за играње на другите македонски игри, но и на некои од игрите за кој артот е дело на Тхе Мичо.

Со оглед на тоа дека викендот кој следи е продолжен, посетата на Јавна соба и поминување на едно претпладне во дружење можеби е најпаметното нешто што може да го направите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}