Во Обединетите Арапски Емирати ќе се изучува вештачка интелигенција во основно образование

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) преземаат интересен чекор во модернизацијата на својот образовен систем. Премиерот Мохамед бин Рашид објави дека од следната учебна година ќе воведат настава по вештачка интелигенција (ВИ) во сите државни училишта. Изучувањето ќе започне од градинките и ќе трае сѐ до 12-то одделение. Оваа амбициозна иницијатива, објавена од премиерот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Рашид, треба да ги подготви новите генерации за иднина во која вештачката интелигенција ќе има клучна улога во животот и работата.

„Кабинетот на ОАЕ го одобри конечниот наставен план за воведување на Вештачка интелигенција како предмет во сите фази на државното образование во ОАЕ, од градинка до 12 одделение, почнувајќи од следната учебна година.

Нашата цел е да ги научиме нашите деца длабоко да ја разберат вештачката интелигенција од техничка перспектива, а воедно да ја поттикнеме нивната свест за етиката на оваа нова технологија.  Наша одговорност е да ги подготвиме нашите деца за време различно од нашето, со услови различни од нашите.“, пренесе Arab News.

Според најавите, наставната програма ќе опфати седум клучни области, прилагодени на различни возрасни групи. Децата од најмала возраст ќе се запознаат со основните концепти на вештачка интелигенција. Постарите ученици ќе навлезат подлабоко во теми како податоци и алгоритми, употреба на софтвер и етички аспекти на ВИ. Покрај ова дел од програмата се реални апликации, иновации и дизајн на проекти, политики и ангажман во заедницата поврзани со ВИ.

Овој потег на ОАЕ е дел од нивната визија за вештачката интелигенција како важен дел од економскиот и технолошкиот развој. Со нејзино интегрирање во образовниот систем на толку ранa возраст, ОАЕ сакаат да создадат генерација на дигитално писмени граѓани. Граѓани, кои кои не само што разбираат како функционира вештачката интелигенција, туку и ќе можат да ја применуваат и да ја развиваат.

Каде е Македонија      

Кога се споредува оваа иницијатива со образовниот систем во Македонија, јасно е дека темата за вештачка интелигенција сѐ уште e далеку од било какво интегрирање во наставните планови и програми. Иако, постојат предмети и теми кои се допираат со некои од аспектите на ВИ. На пример, во основното образование во Македонија, преку предметот Информатика и компјутерско размислување, учениците се запознаваат со основите на програмирањето, алгоритмите и дигиталната писменост. Овие знаења може да бидат основа за разбирање на принципите на кои функционира вештачката интелигенција. Во повисоките одделенија и во средното образование, некои изборни предмети или проекти може да вклучуваат теми поврзани со анализа на податоци или основи на машинско учење, но ова не е стандардизирано и не е достапно за сите ученици.

Иницијативата која ја преземаа ОАЕ претставува значаен исчекор кој може да послужи како инспирација и за други земји. И Македонија, треба да размисли за начин како да ја интегрира вештачката интелигенција во своите образовни системи. Ова e важно за обезбедување на идните генерации со вештините и знаењата потребни за успешно функционирање во ера на брз технолошки напредок. Ваквата интеграција бара внимателно планирање, обука на наставници и развој на соодветни наставни материјали. Потенцијалните придобивки за иднината на младите и на целото општество се огромни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk