Во Белорусија е забрането да се посетуваат странски веб сајтови

Нов белоруски закон, кој ќе стапи на сила на 6-ти јануари, ќе им наложи на индивидуалните претприемачи и компании да користат домашни веб сервиси и веб сајтови, односно само сервиси кои се регистрирани во земјата. Доколку користат странски веб сервиси, корисниците ќе бидат казнети со половина од месечната плата, што, според просечната плата во земјата, е отприлика 125 долари или 2,31 милиони белоруски рубљи.

„Законот бара од сите компании и индивидуалци кои се регистрирани како претприемачи во Белорусија да користат само домашни интернет домени за обезбедување онлајн услуги, за продажби или комуницирање преку имејл. Се чини дека бизнис барањата од Белорусија не можат да бидат спроведени преку Интернет ако провајдерот на услугата користи онлајн сервис кој е лоциран надвор од земјата. Даночните инспектори, заедно со полицијата и тајната полиција, се овластени да започнат, направат истрага и гонат прекршувања на законот.“, пишува американската Конгресна библиотека.

Законот исто така им наложува на интернет кафулињата, и на другите места каде што има интернет пристап, да ја следат активностата на корисниците и доколку има прекршување т.е. посета на странски веб сајт да го пријават на полицијата. Во спротивно тие ќе бидат казнети заедно со прекршителот. Најверојатно властите ќе можат да ја продолжат црната листа на забранети сајтови.

Новиот закон е додаток на наредбата од претседателот Александер Лукашенко од 2010-та. Тој декрет е критикуван од Европската Унија која вели дека е „чекор во погрешна насока“. Според наредбата секој интернет провајдер треба да собира лични податоци за корисниците за цела година и да блокираат сајтови по барање на властите, врз основа на законот за против тероризам. Белорусија е една од земјите кои се ставени на „листата за набљудување“ на Репортерите без граници бидејќи е оценета како земја каде владее цензурата и каде интернетот „е ставен под микроскоп“. Белорусија има околу 4,5 милиони интернет корисници, од популација од 9,6 милиони.

Со новиот закон не само што ќе се зајакне контролата во земјата, туку може да предизвика и цензура од надвор, односно, можно е странските сервиси да ги блокираат пристапите од Белорусија со цел да избегнат тужби.

„На пример, да претпоставиме дека некој во Белорусија купи нешто од Amazon, кој не е белоруска компанија и не е регистриран во Белорусија. Оваа трансакција е нелегална, и затоа белорускиот Државен обвинител ќе може да им пише на Amazon дека го прекршуваат националниот закон и дека можат да бидат тужени. Најверојатно Amazon би го затворил пристапот до својот веб сајт од корисници од Белорусија, бидејќи иако тие корисници се мал дел од компаниската клиентела, сепак легалните маки предизвикани од белоруските власти можат да предизвикаат голем проблем.“, вели Питер Рудик во текстот на американската Конгресна библиотека.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments